Претседателот Ердоган одржа заедничка прес конференција со својот узбечки колега Мирзијоев

По средбата лица в лице, двајцата претседатели Ердоган и Мирзијоев претседаваа со  состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу двете земји, а потоа се појавија пред камерите и одржаа заедничка прес конференција

1362901
Претседателот Ердоган одржа заедничка прес конференција со својот узбечки колега Мирзијоев

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во претседателската палата „Куллијето“ во Анкара го пречека со официјална церемонија претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев кој допатува во посета на Турција.

По средбата лица в лице, двајцата претседатели Ердоган и Мирзијоев претседаваа со  состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу двете земји, а потоа се појавија пред камерите и одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган на почетокот на својот говор на својот узбечки колега му се обрати со зборот „мој брат“ и го изрази задоволството од тоа што го пречекува претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев со неговата делегација.

Ердоган нагласи дека со остварувањето на првиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу двете земји е фрлен историски чекор.

Претседателот Ердоган истакна дека за време на разговорите беа преразгледани билатералните односи со сите нивни димензии и сите можности за соработка, а воедно подвлече дека се има за цел бројките на увозот и извозот со Узбекистан во најскоро време да бидат зголемени на 5 милијарди долари. 

Ердоган во својот говор рече: „Нашиот трговски обем во 2019 година во споредба со претходната (2018) година се зголеми за приближно 27 отсто. Достигнувањето на нашата трговија до 2,2 милијарди долари секако дека е значаен успех. За прв пат во трговијата помеѓу двете земји надминавме по една милијарда долари и во показателите на извозот и во показателите на увозот, меѓутоа сѐ уште постои растојание коешто треба да го изминеме. Со господинот претседател имаме за цел ова во најскоро време да го заголемиме на 5 милијарди долари.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган укажа на тоа дека на остварените разговори со гостинскиот претседател на Узбекистан Шавкат Мирзијоев биле разменети мислења и во однос на тоа како би можеле да се развијат соработката во сфери како што се транспортот, енергијата, здравството, туризмот, образованието, одбранбената индустрија, како и воените односи.



Слични вести