Претседателот Ердоган го осуди терористичкиот напад во Германија во кој меѓу загинатите има и Турци

Претседателот Ердоган го осуди синоќешниот екстремно десничарски терористички напад во германскиот град Ханау во кој загинаа 9 лица меѓу кои се наоѓаат и Турци, а голем број лица беа ранети

Претседателот Ердоган го осуди терористичкиот напад во Германија во кој меѓу загинатите има и Турци

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во присуство и на претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев и голем број високи функционери и поканети гости, свечено ја отвори Народната библиотека на претседателската палата во Анкара.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган го осуди синоќешниот екстремно десничарски терористички напад во германскиот град Ханау во кој загинаа 9 лица меѓу кои се наоѓаат и Турци, а голем број лица беа ранети.

Ердоган им посака милост од Аллах на граѓаните кои го загубија животот го нападот, а на нивните семејства и блиски им посака трпение.

„Сите наши надлежни служби, а пред се нашата Амбасада го следат со чувствителност процесот, им ја доставуваат потребната поддршка на нашите граѓани. Верувам дека германските власти ќе ги вложат сите неопходни напори за расветлување на нападот со сите негови димензии.“ - рече Тој.  

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со Народната библиотека на претседателската палата чие свечено отворање го реализира го рече следното: „Со Народната библиотека чие отворање го остваруваме денеска, го комплетираме нашето Куллије (комплекс). Нашата библиотека располага со 4 милиони печатени дела. Оваа мобилизација на книги ќе ја распространиме уште повеќе и ќе се стекнеме со обем од над 5 милиони. Ги поканувам сите наши научни, мисловни и уметнички дејци кои располагаат со свои лични библиотеки составени од ретки дела, да ги подарат своите дела на Народната библиотека.“



Слични вести