Чавушоглу: Засега не сме точно на посакуваната точка со Русија по прашањето со Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција засега не се наоѓа точно на посакуваната точка со Русија по прашањето со Сирија

Чавушоглу: Засега не сме точно на посакуваната точка со Русија по прашањето со Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата во живо на Турската радио и телевизија ТРТ кадешто даде изјави во врска со актуелниот дневен ред.

Чавушоглу се осврна на растечката агресивност на режимот на Бешар Асад во Сирија и го рече следното: „Режимот напаѓа брутално во Идлиб. Не би можеле да кажеме дека се укинати Сочи и Астана (постигнатите меморандуми со Русија), меѓутоа би можеле да рече дека здобија рана.“

Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција засега не се наоѓа точно на посакуваната точка со Русија по прашањето со Сирија.

Нагласувајќи дека на разговорите за Идлиб коишто беа одржани помеѓу турските и руските делегации и беа доставени на руската страна размислувањата во однос на тоа како ќе се применува меморандумот од Сочи, Чавушоглу рече: „Точно е дека во моментов постојат разлики. На последните состаноци имаше уште малку зближување. Засега не сме точно на посакуваната точка. Би можело повторно да се продолжи со разговори, би можело да има состанок и на ниво на лидери.“

Тој напомена дека руската страна била информирана за тоа дека режимот ја прекршува зоната исчистена од оружје во Идлиб и го рече следното: „ Правиме и ќе го направиме она што е неопходно за да ја сопреме оваа агресивност.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека режимот и неговите поддржувачи со автобуси од Дера донеле некои радикални групи и ги пуштиле во Идлиб и дека се има за цел изнесувајќи ги како причина овие терористи да се изврши напад врз подрачјето.

Чавушоглу воедно појасни дека во подрачјето на Идлиб се доживува човечка драма и дека чекорот што ќе се фрли е во насока на спречување на една нова човечка катастрофа.



Слични вести