Чавушоглу остро реагираше на терористичкиот напад во Германија

Противотровот на  расистичкиот отров е во рацете на европските разумни политичари

Чавушоглу остро реагираше на терористичкиот напад во Германија

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изрази сочувство за загинатите турски граѓани кои загинаа во расиститичко терористичките напади во германскиот град Ханау и рече дека противотровот на  расистичкиот отров е во рацете на европските разумни политичари.

Во објавата преку профилот на твитер Чавушоглу истакна:

„На нашите сограѓани кои починаа во нападите во германскиот град Ханау им изразувам  сочувство и милост од Аллах. На повредените им посакувам што побрзо да оздрават. Дојде време да се окончаат овие напади. Како што рече канцеларката Меркел, расизмот е еден вид отров. Противотровот на расизмот е во рацете на европските разумни политичари“.

Во вооружениот напад што беше извршен во доцните часови на 2 кафулиња во германскиот град Ханау загинаа 9 лица, меѓу кои имаше и Турци.



Слични вести