Чавушоглу и Калин во врска со нападите во Германија укажаа на расистичките мотиви

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, во врска со синоќешните извршени вооружени напади во Германија укажаа на расистички мотиви

Чавушоглу и Калин во врска со нападите во Германија укажаа на расистичките мотиви
ibrahim kalın.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата во живо на Турската радио и телевизија ТРТ каде што на едно поставено прашање во врска со синоќешните извршени вооружени напади во германскиот град Ханау во близина на Фракфурт во покраината Ессен, укажа на расистичките мотиви на овие напади.

Мевлут Чавушоглу го достави следното предупредување: „Расизмот во Европа достигна до многу опасни димензии. Спроед првични информации се вели дека е напад со расистички мотиви. Доколку европските земји не можат да го сопрат тоа (расизмот) во сопствени рамки, тоа ќе оди кон мошне опасни места.“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин пак, во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со случајот го истакна следното: „Од германските германските власти очекуваме да покажат максимални напори за расветлување на случајот. Расизмот е колективен рак.“

Калин им посака милост од Аллах на загинатите во нападите во Германија за коишто може да се подразбере дека се извршени со мотиви на непријателство кон странците, а на ранетите им посака побрзо оздравување.

Инаку, во извршените вооружени напади синоќа околу 22:00 часот по локално време на две кафетерии во градот Ханау во близина на Фракфурт во покраината Ессен, во Германија, загинаа 9 лица, а голем број се ранети.

Како што се истакнува меѓу загинатите има и Турци.

 



Слични вести