Уште 5 мина терористи по пат на убедување им се предадоа на турските безбедносни сили

Продолжува процесот на предавање на терористите по пат на нивно убедување, такашто заедно со 5-те терористи кои се предадоа како последно бројот на терористите кои се предадоа во текот на оваа година се зголеми на 39

1362573
Уште 5 мина терористи по пат на убедување им се предадоа на турските безбедносни сили

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека по активностите за убедување коишто се водат тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предадоа на турските безбедносни сили.

Според соопштението објавено од страна на министерството, продолжуваат активностите за убедување на припадниците на терористичката организација коишто се водат од страна на единиците на полицијата и жандармеријата и со поддршка и на семејствата.

Во тие рамки, со операција поддржана од Националната разузнавачка служба (МИТ) терористот Х.К. кој и се приклучил на сепаратистичко-терористичката организација ПКК пред 20 години, се предаде во градската команда на жандармеријата во Шанлиурфа.

Терористот Х.К. во својата дадена изјава истакна дека и се приклучил на организацијата пред долги години од странство и рече: „Да се предадете е најправилно, никој да не и ја дава својата младост на организацијата.“

Дирекциите од одделот за разузнавање и борба против тероризмот во Дирекцијата на полицијата на градот Ван пак, реализираа активности за убедување на терористот Ч.О., припадник на терористичката организација.

Како што е установено терористот Ч.О. кој им се предаде на турските безбедносни сили во граничниот премин Хабур во населеното место Силопи кај градот Ширнак, и се приклучил на терористичката организација во 2004 година.

Терористот И.А. познат по кодното име „Демхат“ пак, со координација на жандармериските типови за убедување и на Националната разузнавачка служба (МИТ) дојде во населеното место Нусајбин кај градот Мардин на границата со Сирија, се предаде во овдешната погранична воена единица. 

На тој начин, бројот на терористите кои се предадоа по пат на убедување во текот на оваа година досега се зголеми на 39.

Во меѓувреме, двајца терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК им се предадоа на безбедносните сили во градот Батман.

Во објавеното соопштение од Губернијата се истакнува дека терористот О.Ч. кој и се приклучил на терористичката организација ПКК во 2015 година од Батман и неговата вонбрачна сопруга Ф.М. од сириско државјанство се предале во Дирекцијата на полицијата во Батман и по реализираните законски постапки во склопот на Законот за ефикасно покајување се ослободени од страна на судските органи, под услов да бидат под судска контрола.



Слични вести