Трамп рече дека во врска со Идлиб соработуваат со Ердоган

Трамп во оваа прилика му се заблагодари на Ердоган за напорите околу Идлиб

1362170
Трамп рече дека во врска со Идлиб соработуваат со Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Идлиб во Сирија рече дека соработуваат со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Пред да отпатува за Лос Анџелес, Трамп одговараше на прашањата на новинарите и рече дека има добри односи со Ердоган за кого рече дека е силен и остар лидер.

Во врска со Идлиб, САД соработуваат со Турција, рече Трамп и додаде:

„Околу Идлиб соработуваме со Ердоган“.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Белата куќа во врска со телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери кој се одржа за викендот, беше истакнато дека „Трамп во оваа прилика му се заблагодари на Ердоган за напорите околу Идлиб“.



Слични вести