Претседателот Ердоган: Турција ќе продолжи да стои на страната на легитимната влада на Либија

Претседателот Ердоган истакна дека Турција, во Либија, ќе продолжи да стои на страната на управата во Триполи која е легитимна влада на оваа земја

Претседателот Ердоган: Турција ќе продолжи да стои на страната на легитимната влада на Либија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска говореше пред пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), каде што се осврна на низа актуелни теми.

Ердоган истакна дека Турција, во Либија, ќе продолжи да зазема место на страната на управата во Триполи која е легитимна влада на оваа земја.

„Заедно со стапнувањето со својата нога во Либија на нашата земја, ионака напредувањето на пучистот Хафтар застана. Доколку не произлезе соодветен праведен договор од разговорите во кои е вклучена и меѓународната заедница, ќе ја поддржуваме легитимната управа во Триполи за да ја воспостави својата власт во целата земја. Одлуката што ја донесе владата во Триполи е праведна одлука.“ - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор го истакна и тоа дека почна да се прифаќа одлучниот став на Турција во Средоземното Море и во продолжение го рече следното: „По договорот што го постигнавме со Либија постепено ги зајакнуваме рамнотежите во Средоземното Море коишто се менуваат во корист на нашата земја. Европската унија (ЕУ) нема надлежност за донесување на било каква одлука во врска со Либија. Благодарение на одлучниот став што го презентираме по ова прашање, статусот што го прогласивме во Средоземното Море полека почна да се прифаќа од страна на земјите инволвирани во прашањето, а пред се од Грција.“



Слични вести