Остра реакција од Шентоп против расистичката изјава на грчкиот претседател Павлопулос

„Остро ја осудувам расистичката изјава на грчкиот претседател Павлопулос со која се негира турскиот идентитет во Западна Тракија.“- напиша претседателот на Собранието Мустафа Шентоп на својот профил на Твитер

1362487
Остра реакција од Шентоп против расистичката изјава на грчкиот претседател Павлопулос

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека ја осудува расистичката изјава на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос со која се негира (смета за непостоечки) турскиот идентитет во Западна Тракија и рече дека турскиот идентитет во Западна Тракија постои и ќе продолжи да постои.

Шентоп во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Остро ја осудувам расистичката изјава на грчкиот претседател Павлопулос со која се негира турскиот идентитет во Западна Тракија. Турскиот идентитет во Западна Тракија постои и ќе продолжи да постои. Нашите браќа кои живеат во Румелија, како честит ангажман на нашата историја, да бидат сигурни во тоа дека Турција е постојано покрај нив.“



Слични вести