Хулуси Акар: Апсолутно не станува збор за повлекување на набљудувачките пунктови во Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека апсолутно не станува збор за повлекување на набљудувачките пунктови во Сирија и дека доколку биде извршен напад врз нив ќе биде одговорено во иста мера

1362478
Хулуси Акар: Апсолутно не станува збор за повлекување на набљудувачките пунктови во Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, даде изјава за новинарите во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кадешто направи проценка на актуелниот дневен ред.

Акар напомена дека апсолутно не станува збор за повлекување на набљудувачките пунктови во Сирија и дека ако биде извршен напад врз нив ќе биде одговорено во иста мера.

„Режимот во Сирија реализира напади од воздух и од копно, ги бомбардира училиштата, болниците. Нашата приоритетна цел е да се сопре крвопролевањето. Апсолутно не станува збор за повлекување на набљудувачките пунктови во Сирија, ако биде извршен напад ќе се одговори во иста мера.“ - рече Акар.

Велејќи „Очекуваме од нашите европски и американски соговорници да ги одржат своите ветувања“, министерот за национална одбрана Хулуси Акар додаде дека разговорите со Русија ќе продолжат.



Слични вести