Калин: „Турција во врска со Идлиб бара да се вратиме на состојбата согласно Меморандумот во Сочи“

На евентуален напад врз нашите војници или провокација, Турција ќе одговори на најостар начин

1362243
Калин: „Турција во врска со Идлиб бара да се вратиме на состојбата согласно Меморандумот во Сочи“

Гласноговорникот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин рече дека враќањето кон начелата постигнати со меморандумот во Сочи се основата на турската политика во врска со кризата во Идлиб.

Вчера, додека траеше состанокот на претседателскиот кабинет, гласноговорникот Калин одржа прес конференција и одговараше на прашањата на новинарите.

Случувањата во Сирија и особено Идлиб се наоѓаат на врвот на агендата рече Кали и потсети дека од сабота наваму се одржуваат преговори на ниво на делегации.

Нашиот став во врска со Идлиб е под итно враќање кон начелата на меморандумот во Сочи  (постигнат во 2018 со Русија), прифаќање на претходно прифатените  граници на зоната за деескалација на Идлиб, преземање на потребните чекори и иницијативи особено за нашите воени пунктови за набљудување и заштита на цивилите.

Во врска со прашањето колегите одржаа различни средби преговори. Заклучно денешната одлука, Турција ќе продолжи со преговорите“ рече Калин.

На прашањата: „Дали е определен датумот на претстојните преговори меѓу делегациите?“ и „Дали лидерите ќе одржат средба во врска со прашањето?“ Калин одговори:

„До денес од преговорите не произлезе некој заклучок кој ќе ги задоволи нашите барања. Ние не го прифативме предложениот лист и картата. Секако дека средбите ќе продолжат. Прашањата можеме да ги решиме единствено со преговори.

Турција нема никакви претензии кон териториите на Сирија или некоја друга земја. Исто така не може да се очекува и замисли да седиме со скрстени раце и бидеме индиферентни наспроти убиствата на сто илјадници невини луѓе и бегството на милиони лица во Сирија, кои се насочуваат кон границата со Турција.

На евентуален напад врз нашите војници или провокација, никој не треба да се сомнева дека како минатата недела така и во иднина ќе одговориме на најостар начин“ подвлече гласноговорникот Калин.



Слични вести