Ердоган најави операција на Идлиб

Нема да му го оставиме Идлиб на режимот кој сеуште не ја сфатил нашата решителност

1362576
Ердоган најави операција на Идлиб

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган најави операција на Идлиб во Сирија. Ердоган рече дека секој момент може да започне операција на Идлиб.

Претседателот Ердоган одржа говор на состанокот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АКП) во Големото национално собрание на Турција.

Алудирајќи на преговорите со Русија за човечката драма во Идлиб, Ердоган рече:

„На досегашните преговори не постигнавме напредок. Без оглед на тоа колку ќе продолжат преговорите, факт е дека нивото кое што ние сакаме да го постигнеме на масата е многу далеку“.

Претседателот Ердоган рече дека привршува ултиматумот што му го поставивме на режимот за повлекување од Идлби согласно границите определени со меморандумот во Сочи потенцирајќи дека Турција ги реализира сите потребни активности за спроведување на своите планови.

„Во случај инволвираните земји не можат да ја надминат безбедносната загриженост на Турција во овие подрачја, ние во секоја прилика го изнесовме ставот дека тогаш ќе бидеме принудени самите да ги преземеме потребните мерки“ рече Ердоган.

„Со други зборови кажано, секој момент сме спремни да реализираме операција на Идлиб“ подвлече Ердоган.

„Нема да му го оставиме Идлиб на режимот кој сеуште не ја сфатил нашата решителност како и оние кои што го охрабруваат. Немаме намера свесно да го сносиме товарот којшто се предвидува да ни се нанесе со овие случувања во подрачјето. Решителни сме Идлиб да го претвориме во безбедно подрачје како од аспект на Турција така и од аспект на народот на областа, без оглед на цехот кој што ќе треба да се плати за тоа“ беше дециден Ердоган.



Слични вести