Омер Челик: Руската страна е информирана за нашите воени подготовки доколку режимот не се повлече

Омер Челик истакна дека на остварените разговори помеѓу турската и руската делегација во Москва руската страна беше информирана за нашите воени подготовки доколку режимот не се повлече надвор од турските набљудувачки пунктови во подрачјето на Идлиб

1361884
Омер Челик: Руската страна е информирана за нашите воени подготовки доколку режимот не се повлече

Претседателот на државата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган се состана со некои пратеници на партијата.

Состанокот во седиштето на АК Партијата беше затворен за медиумите и траеше 3 часа.

По состанокот изјава пристигна од портпаролот на АК Партијата Омер Челик кој меѓу другото се осврна и на разговорите на турската делегација во главниот град на Русија, Москва, посветени на прашањето со Сирија, а пред се случувањата во подрачјето на Идлиб.

Челик истакна дека на разговорите Русија беше информирана за тоа дека доколку режимот на Бешар Асад не се повлече на претходните граници во подрачјето на Идлиб, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ги направија потребните воени подготовки да се обезбеди тоа (режимските сили да се повлечат надвор од турските набљудувачки пунктови во подрачјето на Идлиб).

„Овие разговори се водеа во текот на два дена по ред. Тезите на Турција се доставени. Доколку режимот не се повлече на претходните граници, отворено и јасно и е доставено на спротивната страна дека ги направивме потребните воени подготовки за да се обезбеди тоа. Тоа е задолжително за спречување на човечката трагедија. Делегацијата откако ќе се врати ќе поднесе детален извештај.“ - рече Омер Челик.

Тој се осврна и на односите со Кина во врска со што го рече следното: „Ние сме во солидарност со Кина во борбата против коронавирусот, меѓутоа се добиваат голем број негативни вести во врска со Турците Ујгури. Велиме дека сме загрижени и чувствуваме жалење од овие вести. Во блиско време ќе биде остварена официјална посета на Кина. Велиме дека оваа посета треба да биде транспарентна и да бидат отворени за посета местата коишто сакаме да ги посетиме.“



Слични вести