Уште двајца терористи на ПКК/ЈПГ им се предадоа на турските безбедносни сили

Министерството за национална одбрана на својот профил на Твитер соопшти дека уште двајца терористи на ПКК/ЈПГ кои избегале од северниот дел на Сирија, им се предадоа на турските безбедносни сили во Чобанбеј кај Килис и во Суруч кај Шанлиурфа

1360774
Уште двајца терористи на ПКК/ЈПГ им се предадоа на турските безбедносни сили

Уште двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои избегале од северниот дел на Сирија им се предадоа на турските безбедносни сили во областа Чобанбеј кај градот Килис и во населеното место Суруч кај градот Шанлиурфа.

Според објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер, како резултат на одлучните операции на безбедносните сили продолжува и процесот на распаѓање во редовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во тие рамки, уште двајца терористи на ПКК/ЈПГ кои избегале од северниот дел на Сирија се предадоа во пограничните воени станици во областа Чобанбеј кај градот Килис и во населеното место Суруч кај градот Шанлиурфа.

 

 



Слични вести