Трамп му се заблагодари на Ердоган за напорите за Идлиб

Претседателот Трамп на разговорот ја изнесе загриженоста во врска со насилствата во Идлиб во Сирија

1360666
Трамп му се заблагодари на Ердоган за напорите за Идлиб

Американскиот претседател Доналд Трамп на телефонскиот разговор со претседателот Реџеп Тајип Ердоган во сабота, му се заблагодари на претседателот Ердоган за напорите за Идлиб во Сирија.

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир во писменото соопштение во врска со телефонскиот разговор меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп кој се оствари во саботата рече:

„Претседателот Трамп на разговорот ја изнесе загриженоста во врска со насилствата во Идлиб во Сирија и му се заблагодари на претседателот Ердоган за напорите на Турција за спречување на катастрофата во Идлиб“.

Трамп на разговорот изрази желба за окончување на руската поддршка на режимот на Асад и изнаоѓање решение на граѓанската војна во Сирија.

Трамп меѓудругото го повтори ставот дека евентуалната интервенција на надворешните сили во Либија, уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата во оваа земја.



Слични вести