Испратени дополнителни хаубици, тенкови, муниција и оклопни транспортери во подрачјето на Идлиб

Конвојот составен од 150 шлепери натоварени со хаубици, тенкови, муниција  и оклопни транспортери на персонал испратени најпрвин пристигна во Рејханли кај градот Хатај и оттука ќе биде испратен во турските набљудувачки пунктови во подрачјето на Идлиб

1360950
Испратени дополнителни хаубици, тенкови, муниција и оклопни транспортери во подрачјето на Идлиб

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) испратија дополнителни хаубици, тенкови, муниција  и оклопни транспортери на персонал во набљудувачките пунктови во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Конвојот составен од 150 шлепери натоварени со хаубици, тенкови, муниција  и оклопни транспортери на персонал испратени од различни воени единции на Турција, а со цел зајакнување на воените единици на границата со Сирија, најпрвин пристигна во населеното место Рејханли кај градот Хатај, во непосредна близина на границата со Сирија.

Оттука, воениот конвој под безбедносни мерки беше усмерен кон пограничните единици од кадешто ќе биде испратен во турските набљудувачки пунктови во подрачјето на Идлиб.



Слични вести