Делегациите на Турција и Русија разговараат во Москва за ситуацијата во подрачјето на сириски Идлиб

Разговорите коишто се одржуваат во зградата на руското министерство за надворшени работи во Москва, се затворени за медиумите

1361107
Делегациите на Турција и Русија разговараат во Москва за ситуацијата во подрачјето на сириски Идлиб

Делегациите на Турција и Русија разговараат во Москва за ситуацијата во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Разговорите коишто се одржуваат во зградата на руското министерство за надворшени работи во Москва, се затворени за медиумите.

Турската делегација е предводена од заменик министерот за надворешни работи Седат Онал.

Во турските и руските делегации освен дипломати, учествуваат и воени и разузнавачки функционери на двете земји.

Инаку, разговорите помеѓу турските и руските делегации започнаа минатата недела, по нападите на режимските сили врз турските набљудувачки пунктови и прекршувањето на меморандумот од Сочи во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Така, најпрвин руска делегација предводена од заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Сергеј Вершинин и амбасадорот Александар Лаврентиев, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, и составена од руски воени и разузнавачки функционери остварија разговори со Анкара.

На овие разговори, турската делегација истакна дека отворено се прекршува меморандумот од Сочи и ја даде пораката дека Руската Федерација треба да ја исполни одговорноста што и се паѓа по ова прашање.

Меѓутоа, не можеше да се постигне одреден резултат од овие разговори во Анкара.   

Потоа, беше остварен телефонски разговор помеѓу претседателот Реџпе Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата лидери во телефонскиот разговор дискутираа за актуелни регионални прашања на чело со последните случувања во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Претходно пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изјави дека решението во Идлиб е во што поскоро стопирање на нападите на режимот и негово повлекување на границите од претходно постигнатите договори, и предупреди дека во спротивно пред крајот на февруари таа работа ќе ја направи Турција. 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на остварената средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на крајот на неделата, исто така ги продолжуваат разговорите со цел да се изнајде пат за применување на сите постигнати договори помеѓу Турција и Русија по прашањето со Сирија.



Слични вести