Чавушоглу: Турција и Русија ја продолжуваат соработката за конечен договор по прашањето со Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција и Русија ја продолжуваат соработката за постигнување на конечен договор по прашањето со Идлиб

1361023
Чавушоглу: Турција и Русија ја продолжуваат соработката за конечен договор по прашањето со Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава за рускиот весник „Известија“ се осврна на случувањата до коишто доаѓа во последно време по подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Чавушоглу истакна дека Турција и Русија ја продолжуваат соработката за постигнување на конечен договор по прашањето со Идлиб. 

Привлекувајќи внимание дека постојат безброј чекори коишто треба да се фрлат по прашањето со Идлиб, Чавушоглу ја изнесе следната констатација: „Турција и Русија ја продолжуваат соработката за постигнување на конечен договор по прашањето со Идлиб. Последниот одговор по ова прашање ќе го дознаете по средбата којашто ќе ја оствари нашата делегација во Москва. Не треба да дозволиме сирискиот проблем да влијае на соработката помеѓу Турција и Русија.“

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу додаде дека по меѓуделегациските средби во Москва ќе биде направена проценка и на тоа дали постои потреба од одржување на дополнителен состанок.



Слични вести