Претседателот Ердоган: Доколку режимот не се повлече до крајот на февруари ќе интервенираме

Претседателот Ердоган истакна дека дека доколку режимските сили на Асад не се повлечат до крајот на февруари надвор од турските набљудувачки пунктови во подрачјето на градот Идлиб, Турција ќе интервенира воено

1360169
Претседателот Ердоган: Доколку режимот не се повлече до крајот на февруари ќе интервенираме

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на церемонијата на доделување на наградите за придобивање на нови членови на градскиот огранок во Истанбул на неговата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата). 

Ердоган истакна дека доколку режимот на Бешар Асад не се повлече до крајот на февруари на границите од договорите, Турција ќе интервенира. 

Претседателот Ердоган уште еднаш ја нагласи одлучноста на Турција за стопирање на зулумот и воспоставување на безбедноста на своите граници. 

Нагласувајќи дека проблемот во Идлиб не може да се реши се додека режимските сили не се повлечат на границите на меморандумот од Сочи, претседателот Ердоган подвлече дека ако затреба Турција ќе делува самата во Идлиб.

"Во моментов најитно во Сирија, решение коешто треба да се постигне во Идлиб, е што поскоро да се сопре агресивноста на режимот и да се повлече на границите на претходно постигнатите договори. Во спротивно, ние ќе ја завршиме оваа работа пред да заврши месец февруари. Доколку тоа го оствариме со поддршка на нашите пријатели ќе бидеме задоволни. Но, не, доколку оваа работа треба да ја направиме по тежок пат, ние ќе го направиме и тоа." - порача Ердоган. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: "За нас е арам  (забрането) да спиеме спокојни без да ја исчистиме Сирија од терористичките организации и од зулумот на режимот."



Слични вести