Чавушоглу порача од Минхен: Нема да дозволиме повеќе да се врши масакр во Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна во Минхен дека Турција нема да дозволи повеќе да се врши масакр во сириски Идлиб

1360226
Чавушоглу порача од Минхен: Нема да дозволиме повеќе да се врши масакр во Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во германскиот град Минхен кадешто престојува по повод 56. Минхенска безбедносна конференција, говореше на помошната манифестација за промовирање на Анталискиот дипломатски форум што ќе се одржи од 27 до 29 март во Анталија.

Чавушоглу рече дека Турција нема да дозволи повеќе да се врши масакр во Сирија.

Осврнувајќи се на реализираниот напад од страна на режимот на Бешар Асад против турските војници во подрачјето на Идлиб, Мевлут Чавушоглу го рече следното: "Овде нема да дозволиме друг масакр. Од нашите сојузници и партнери очекуваме да работат со нас, да применуваат максимален притисок за стопирање на агресивноста (нападите) на режимот и неговите поддржувачи. Тоа претставува критичен тест и за нашите европски сојузници."

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, осврнувајќи се и на либиското прашање истакна дека лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата Халифа Хафтар, ја напаѓа легитимната Влада на национално единство. 

Чавушоглу рече дека Хафтар кој освен од некои водечки европски земји добива поддршка од Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), е задоволен од оваа состојба. 

"По Сирија, Европа (Западот) не треба да биде неуспешна уште еднаш (и во Либија) и не треба да дозволи кризата да се претвори во трагедија." - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести