Средба помеѓу Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров во Минхен

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во Минхен оствари средба со својот руски колега Сергеј Лавров

1360138
Средба помеѓу Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров во Минхен

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во Минхен, Германија, каде што учествува на 56. Минхенски безбедносна конференција се состана со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Чавушоглу во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер по остварената средба со својот руски колега Сергеј Лавров истакна дека е остварена корисна средба. 

"Нашите делегации во понеделник ќе се состанат во Москва. Постигнавме согласност по прашањето по овие разговори повторно да направиме проценка на ситуацијата." - напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер. 



Слични вести