Претседателот Ердоган се врати од посетата на Пакистан

Претседателот Ердоган ја заврши својата дводневна официјална посета на Пакистан и заедно со делегацијата во негова придружба се врати во Истанбул

1360006
Претседателот Ердоган се врати од посетата на Пакистан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својата дводневна официјална посета на Пакистан ја заокружи со учество на свечената вечера приредена во негова чест од страна на пакистанскиот премиер Имран Хан.

Свечената вечера во владината зграда во главниот град Исламабад беше затворена за медиумите. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган потоа, по оваа своја остварена дводневна официјална посета на Пакистан, се врати во Истанбул.

Заедно со претседателот Ердоган и Истанбул се вратија и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерката за трговија Рухсар Пекџан, министерот за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Турхан, шефот на одделот за комуникации при претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.



Слични вести