Чавушоглу: Турска делегација во понеделникот ќе замине за Русија на разговори за проблемот со Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека во понеделникот турска делегација ќе замине за Русија на разговори за проблемот со Идлиб

1360090
Чавушоглу: Турска делегација во понеделникот ќе замине за Русија на разговори за проблемот со Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Минхен, Германија, кадешто се наоѓа по повод 56. Минхенска безбедносна конференција одржа заедничка прес конференција со својот германски колега, министерот за надворешни работи Хеико Мас. 

Чавушоглу информира дека на остварената средба со неговиот германски колега Хеико Мас беше поставено на дневен ред прашањето со Идлиб истакна дека режимот наместо во политичко решение верува во воено решение во Идлиб и дека во последно време ја зголеми својата агресивност.

Осврнувајќи се на тоа дека Турција вложува напори со Русија за спречување на овие напади, Мевлут Чавушоглу рече дека турска делегација во понеделникот ќе замине за Русија на разговори за проблемот со Идлиб.

„Во понеделникот наша делегација ќе замине за Москва, претходно руска делегација беше во Анкара. Ќе ги продолжиме нашите разговори.“ - рече Чавушоглу. 

Тој укажа на тоа дека треба да се вложат заеднички напори за воспоставување на прекинот на огнот и рече: „Доколку ние не можеме да го сопреме тоа, ќе дојде до голема човечка трагедија.“

Мевлут Чавушоглу ја сподели информацијата дека моментално со поддрка на Германија се градат куќи од брикети за луѓето кое се доближуваат кон границата на Турција и напомена дека меѓутоа тоа е привремено решение.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека најзначајните елемент е да се воспостави прекин на огнот.



Слични вести