Турските вооружени сили реализираа нова испорака на тенкови на границата со Сирија

Конвојот составен од шлепери натоварени со тенкови најпрвин пристигна во населеното место Ислахије кај ргадот Газиантеп, веднаш во непосредна близина на турско-сириската граница, а оттука кон градот Хатај

Турските вооружени сили реализираа нова испорака на тенкови на границата со Сирија

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) испратија дополнителни тенкови за зајакнување на воените единици на границата со Сирија.

Конвојот составен од шлепери натоварени со тенкови кои се испратени од различни воени единици на  Турските вооружени сили (ТВС или TSK), најпрвин пристигна во населеното место Ислахије кај градот Газиантеп, веднаш во непосредна близина на турско-сириската граница.

Испратениот конвој со шлепери под засилени безбедносни мерки, оттука тргна кон градот Хатај.

Како што се дознава, испораката на дополнителни тенкови е реализирана со цел зајакнување на воените единици на границата со Сирија.



Слични вести