Претседателот Ердоган се обрати на Турско-пакистанскиот бизнис форум: Никој оној кој инвестирал во Турција не се покајал за тоа

Претседателот Ердоган говореше на Турско-пакистанскиот бизнис форум кадешто го рече следното: „Никој оној кој досега имал доверба во нашата земја и кој инвестирал во Турција, не се покајал за тоа“

Претседателот Ердоган се обрати на Турско-пакистанскиот бизнис форум: Никој оној кој инвестирал во Турција не се покајал за тоа
erdoğan han.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во дводневна официјална посета на Пакистан учествуваше на Турско-пакистанскиот бизнис форум.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган истакна дека никој оној кој инвестирал во Турција не се покајал за тоа и потсети дека Турција посакува трговијата со Пакистан најпрвин да ја зголеми на 1 милијарда долари, а потоа да ја пренесе кон целта за трговски обем во висина од 5 милијарди долари.

Велејќи дека денеска, директните инвестиции на Турција во Пакистан достигнуваат до 500 милиони долари, Ердоган рече: „Никој оној кој досега имал доверба во нашата земја и кој инвестирал во Турција, не се покајал за тоа.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање напомена дека пакистанскиот народ за лекување ги избира западните земји, во врска со што го рече следното: „Турција постигна голем степен на развој во инфраструктурата на здравството. Турција е многу понапред од западните земји, како во услугата, така и во поволните цени. Новата рута на нашите пакистански браќа за лекување треба да биде Турција која нуди поповолни цени за истите услуги на лекување (во западните земји).“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по Турско-пакистанскиот бизнис форум се состана со пакистанскиот премиер Имран Хан.

Средбата лице в лице помеѓу двајцата лидери беше затворена за медиумите.

Потоа, претседателот Ердоган и пакистанскиот премиер Имран Хан одржаа и заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган напомена дека Турција е на страната на решавање на проблемот со Кашмир по пат на дијалог, на основа на резолуциите на Обединетите нации (ОН) и земајќи ги во предвид очекувањето на како што рече “нашите кашмирски браќа“.

Пакистанскиот претседател Имран Хан пак, рече: „8 милиони Кашмирци живеат во затвор под отворено небо. Му благодарам на господинот Ердоган за она што го вели во врска со Кашмир.“

Освен тоа, Хан во својот говор го подвлече и следното: „Моментално, во Сирија против вас (Турција) се реализираат напади, Пакистан секогаш ќе биде покрај вас по ова прашање.“



Слични вести