Потпретседателот Октај ќе замине во официјална посета на ТРСК

Владата на ТРСК по утврдувањето на целосниот инвентар на Мараш, планира да го отвори градот по период од 45 години

Потпретседателот Октај ќе замине во официјална посета на ТРСК

Потпретседателот на републиката Фуат Октај ќе замине во официјална посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во рамките на посетата на ТРК, Октај ќе учествува на состанокот „Отворањето на затворениот Мараш од правен, политички и економски аспект“ во Мараш (Вароша) кој е затворен од 1974 година.

На состанокот кој првпат се одржува на толку високо ниво и со широко учество на високи државни претставници и бирократи, покрај потпретседателот Октај ќе учествуваат премиерот на ТРСК Ерсин Татар, потпретседателот на владата на ТРСК и министер за надворешни работи Кудрет Озерсај, министерот за правда Абдулхамит Ѓул, министерот за здравство Фахретин Коџа како и низа високи државни претставници и претставници на невладините организации од двете земји.

На состанокот на кој академиците, раководителите на невладините организации и експертите од различни полиња ќе одржат говори, ќе дадат придонес во конкретното определување на патоказот по кој што затворениот Мараш треба да се отвори од политички и правен аспект.

Во рамките на Мировната операција на Кипар во 1974 година, контролата над Мараш беше преземена од страна на Турските вооружени сили и беше затворен за населување. Покрај неколкуте иницијативи за повторно отворање на градот, сите завршија без резултат.

ТРСК на Владината седница на 18 јуни усвои одлука за преземање конкретни чекори за повторното отворање на Мараш, поради што со експертска екипа беше направен инвентарот.

Првиот инвентар на подрачјето беше направен во јули.

Владата на ТРСК по утврдувањето на целосниот инвентар на Мараш, планира да го отвори градот по период од 45 години.



Слични вести