МНР на Турција: Одлуката на сирискиот режим во врска со настаните од 1915 година претставува пример на дволичност

Портпаролот на МНР Хами Аксој, во дадениот одговор на едно поставено прашање во врска со одлуката на сирискиот режим со којашто настаните од 1915 година се признаени како „геноцид“ истакна дека тоа претставува документација со пример на дволичност

МНР на Турција: Одлуката на сирискиот режим во врска со настаните од 1915 година претставува пример на дволичност

Турција, признавањето на настаните од 1915 година како „геноцид“ го дефинира како дволичност на сирискиот режим.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој, во дадениот одговор на едно поставено прашање во врска со одлуката на сирискиот режим со којашто настаните од 1915 година се признаени како „геноцид“ го рече следното:

„Усвоената одлука во Парламентот на режимот на Сирија во која настаните од 1915 година се признаваат како „геноцид“, само по себе претставува документација со пример на дволичност. Тоа претставува фотографија на дволичноста на режимот кој со години извршува секој вид масакр против сопствениот народ, без да прави никаква разлика и меѓу деца, протера од своите домови милиони луѓе и кој е добро познат по употребата на хемиско оружје против сопствениот народ. Сѐ уште продолжува човечката драма предизвикана од овој режим и на нашата граница се доживува едната од најочајните катастрофи во историјата.“



Слични вести