Министерот за национална одбрана Акар се состана со својот пакистански колега Хатак

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Исламабад се состана со својот колега, пакистанскиот министер за одбрана Первез Хатак

Министерот за национална одбрана Акар се состана со својот пакистански колега Хатак

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Исламабад се состана со својот пакистански колега министерот за одбрана Первез Хатак.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој престојува во посета на Пакистан во придружба на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, овде освен на меѓуделегациските разговори остварува и билатерални средби.

Во тие рамки, министерот Акар најпрвин се состана со командантот на копнените сили на Пакистан генерал на армија Камар Жавед Бажва, а потоа оствари средба со својот колега, пакистанскиот министер за одбрана Первез Хатак.

Како што се истакнува на средбата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар со неговиот пакистански колега Первез Хатак, беа разменети мислења во врска со билатералните односи, регионалната одбрана, како и прашања посветени на безбедноста и одбранбената индустрија.



Слични вести