Ердоган: Не ја заборавивме помошта на пакистанскиот народ за време на нашата народноослободителна борба

Претседателот Ердоган во својот говор на заедничката седница на Националното Собрание и Сенатот на Пакистан рече: „Не ја заборавивме помошта што ни ја испрати пакистанскиот народ, одвојувајќи од својот леб, за време на нашата народноослободителна борба

Ердоган: Не ја заборавивме помошта на пакистанскиот народ за време на нашата народноослободителна борба

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска, вториот ден од својата дводневна официјална посета на Пакистан  говореше на заедничката седница на Националното Собрание и Сенатот на оваа земја.

Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да го поддржува Пакистан во неговата борба против тероризмот и го рече следното: „Не ја заборавивме помошта што ни ја испрати пакистанскиот народ, одвојувајќи од својот леб, за време на нашата народноослободителна борба. Ете за нас сега тоа претставува Кашмир.“

Тој рече: „Оние кои не му оставаат никому збор кога се говори за демократија и човекови права, се мобилизираат за спасување на терористите (за време на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија), додека Пакистан цврсто исправен зазема место покрај Турција во нејзината праведна борба.“

Велејќи дека Турција ќе го поддржи Пакистан против кој се водат обиди да биде подложен на политички притисок на состаноците на  Задачата за финансиска акција, Ердоган рече: „Ние ќе продолжиме да го поддржуваме Пакистан во неговата борба против тероризмот.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор на заедничката седница на Националното Собрание и Сенатот на Пакистан се осврна и на случувањата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во врска со што рече: „Целта на нашите чекори коишто ги фрламе во последните денови во врска со Идлиб е да го спречиме убиството со барел бомби на 4 милиони невини луѓе.“

„Приоритетна цел на Турција е да се сопрат крвопролевањето, разрушувањата, зулумот и солзите секаде кадешто има судири од Либија до Јемен“ - рече Ердоган.

Покажувајќи реакција против наводниот Блискоисточен мировен план на САД, Ердоган го рече следното: „Чекорот којшто е фрлен во врска со Ерусалим (Кудс) од страна на господинот (претседателот на САД Доналд) Трамп и Нетанјаху (израелскиот премиер Бенјамин), планот кој што се изнесува како 'мировен план на векот', претставува проект за окупација.“

Претседателот Ердоган во својот говор е осврна и на проблемот со Кашмир и притоа истакна дека Турција во однос на прашањето на Кашмир ќе продолжи да заземе место на страната на правдата, мирот и решението по пат на дијалог.

Тој рече: „Проблемот со Кашмир може да се реши само на основа на правдата и правичноста, а не со конфликт или притисок.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на својата официјална посета на Пакистан ќе учествува и на Турско-пакистанскиот бизнис форум, а потоа ќе оствари средба лице в лице со пакистанскиот премиер Имран Хан.

На 6-от состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Пакстан пак, ќе бидат разгледани со сите нивни поединости и димензии билатералните односи помеѓу двете земји и ќе се разговара за чекорите коишто би можеле да се фрлат за развивање на меѓусебната соработка.

Потоа пртеседателот Реџеп Тајјип Ердоган и пакистанскиот премиер Имран Хан ќе се појават пред камерите и ќе одржат заедничка прес конференција.



Слични вести