Билатерални средби на министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Брисел

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Брисел се состана одделно со британскиот министер за одбрана Бен Валас и со француската министерка за одбрана Флоренс Парли

Билатерални средби на министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Брисел
Florence Parly-Hulusi Akar.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Брисел, кадешто отпатува за состанокот на министрите за одбрана на НАТО остварува и низа билатерални средби во чии рамки одделно се состана со британскиот министер за одбрана Бен Валас и со француската министерка за одбрана Флоренс Парли.

Хулуси Акар најпрвин имаше средба со својот британски колега Валас, а потоа и со својата француска колешка Парли.

На овие разговори, освен тоа што беше разговарано за прашања посветени на соработката во воената, безбедносната и одбранбената индустрија, беа разменети мислења и за актуелни регионални случувања на чело со Либија и Сирија, а во тие рамки и за последните случувања во Идлиб и во однос на прашања за тоа што би требало да се направи за ставање крај на присутната човечка трагедија во регионот.

Притоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги изнесе очекувањата на Турција и привлече внимание на тоа дека цивилното население кое е приморено да ги напушти своите домови во подрачјето на Идлиб, поради насилството и нападите на коишто е подложено бега кон границата со Турција, а не во областите под контрола на режимот.



Слични вести