Уште тројца терористи им се предадоа на турските безбедносни сили

Министерството за национална одбрана соопшти дека уште тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои избегале од северните делови на Ирак и Сирија, им се предадоа на турските безбедносни сили во населените места Силопи кај Ширнак и Суруч кај градот Шанлиурфа

1358767
Уште тројца терористи им се предадоа на турските безбедносни сили

Уште тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои избегале од северните делови на Ирак иа Сирија им се предадоа на турските безбедносни сили во населените места Силопи кај Ширнак и Суруч кај градот Шанлиурфа.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека како резултат на одлучните операции на безбедносните сили терористите, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, кои бегаат од организацијата продолжуваат да им се предаваат на турските безбедносни сили, со што продолжува и процесот на распаѓање во редовите на оваа сепаратистичко-терористичка организација. 

Во соопштението се вели следното: „Уште тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои избегале од местата за засолнување во северните делови на Ирак и Сирија, се предадоа во нашите погранични воени станици во населените места Силопи кај Ширнак и Суруч кај градот Шанлиурфа."

 



Слични вести