Денес претседателот Ердоган ќе отпатува за Пакистан

Претседателот Ердоган ќе се состане и со пакистанскиот претседател Ариф Алви

1358618
Денес претседателот Ердоган ќе отпатува за Пакистан

Денес претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе престојува во официјална посета на Пакистан каде што ќе учествува на 6-от состанок на Турско-пакистанскиот совет за висока стратешка соработка.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при претседателството беше истакнато дека денес во Исламабад под претседателството на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и пакистанскиот претседател Имран Кан, со учество на министри на двете земји ќе се одржи состанок на Турско-пакистанскиот совет за висока стратешка соработка. На состанокот ќе се разменат мислења за турско-пакистанските односи како и можностите за унапредување на билатералните односи.

Во рамките на состанокот ќе бидат потпишани и низа нови договори за унапредување на меѓусебната соработка, а исто така ќе се одржи и Турско-пакистански деловен форум.

Претседателот Ердоган ќе се состане и со пакистанскиот претседател Ариф Алви.

На средбите, освен билатералните односи се предвидува да се разменат мислења и во врска со регионалните и меѓународни прашања.

Претседателот Ердоган во рамките на дводневната посета на Пакистан на заедничката седница ќе им се обрати на пратениците на Националното собрание на Пакистан и Сенатот.



Слични вести