Алтун: „Турција решителна во протерувањето на силите ан режимот од турските набљудувачки пунктови“

Турција не може и нема да дозволи стотици илјадници цивили да се насочат кон нашите граници

1358856
Алтун: „Турција решителна во протерувањето на силите ан режимот од турските набљудувачки пунктови“

Директорот на дирекцијата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун рече дека согласно меморандумот во Сочи за Сирија, Турција е решителна до крајот на месецот да ги протера силите на режимот од турските набљудувачки пунктови во Идлиб.

Алтун на објавата преку профилот на твитер истакна дека „цел на нападите на силите на режимот на Асад се невините цивили кои ги убива. За жал, сите оние коишто пред светот пропагираат цивилни права и безбедност за невините цивили, се индиферентни наспроти конкретниот случај во Идлиб Сирија.

Состојбата во Идлиб навистина предизвикува голема загриженост и не е доволно самото изнесување на случувањата. Турција нема да остане со скрстени раце и немо да ги набљудува овие случувања“ потенцираше Алтун.

„Цел на овие напади е раселените лица и бегалците да се стационираат на границата со Турција, да се испразни областа и полесно да се преземе управата и контролата над истата.

Турција не може и нема да дозволи стотици илјадници цивили да се насочат кон нашите граници. Согласно договорите и меморандумите, покажавме преголемо трпение со колегите. За жал се занемаруваат зоните ан деескалацијаи режимот почна со напади врз нашите војници. Согласно меморандумот во Сочи, решителни сме до крајот на месецот да ги извадиме силите на режимот од набљудувачките пунктови во Идлиб. За остварување на оваа цел ќе ги ангажираме нашите воздушни и копнени сили. Нема да толерираме ниту еден напад. Како што претходно рече претседателот Реџеп Тајип Ердоган, во случај на евентуална провокација од страна на силите на режимот, Турција ќе возврати повеќекратно“.



Слични вести