Акар во Брисел оствари средба со Еспер

Двајцата министри разменија мислења во врска со безбедносните и одбранбените прашања во Сирија и Ирак

1358602
Акар во Брисел оствари средба со Еспер

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел оствари средба со американскиот колега Марк Еспер.

Двајцата министри разменија мислења во врска со безбедносните и одбранбените прашања во Сирија и Ирак, меѓудругото беше изнесено значењето на поконкретниот придонес на САД и НАТО во Идлиб.

Министерот Акар во седиштето на НАТО во Брисел каде што престојува по повод учеството на министерскиот состанок оствари и други значајни средби.

Во рамките на учеството на состанокот на околните земји на мисијата Одлучна поддршка, министерот Акар оствари средба со украинскиот колега Андриј Загородњук.

Акар и Загородњук на средбата разменија мислења во врска со регионалните случувања како и можностите за одбранбена и воена соработка меѓу двете земјуи. Веднаш потоа Акар оствари средба и со грчкиот колега Николаос Панагиотопулос. На средбата беше подвлечено на значењето на дијалогот и потребата за одржување на каналите за дијалог.

Министерот Хулуси Акар учествуваше и на првата седница „Операција и мисии“ на министерскиот состанок на НАТО.



Слични вести