Турција ќе продолжи да стои покрај своите браќа во Идлиб кои се подложени на зулумот на Асадовиот режим

Министерството за национална одбрана истакнува дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) стојат покрај своите браќа во Идлиб кои се подложени на зулумот на Асадовиот режим и кои водат борба за да останат во живот под тешки зимски услови

1358358
Турција ќе продолжи да стои покрај своите браќа во Идлиб кои се подложени на зулумот на Асадовиот режим

Министерството за национална одбрана соопшти дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) стојат покрај своите браќа во Идлиб кои се подложени на зулумот на Асадовиот режим, кои водат борба за да останат во живот под тешки зимски услови и кои не се поврзани со терористичките организации.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Турските вооружени сили (ТВС или TSK) кои се клучот на мирот во нашиот регион, стојат покрај своите браќа во Идлиб кои се подложени на зулумот на Асадовиот режим, кои водат борба за да останат во живот под тешки зимски услови и кои не се поврзани со терористичките организации. И кога сите би ги затвориле своите очи, племенитиот турски народ ќе ја продолжи својата поддршка на угнетените.“

Во споделената објава се споделени и фотографии на ранети цивили во нападите на Асадовиот режим и на населението кое се обидува да се одржи во живот под тешки зимски услови.



Слични вести