Светската унија на Асирците со поддршка на операциите на Турција во северот на Сирија

Претседателот на Светската унија на Асирците Џони Месо во своето обраќање на една манифестација во Советот на Европа и притоа истакна дека операциите на Турција во северниот дел на Сирија придонесуваат за безбедноста на неговата заедница

1358202
Светската унија на Асирците со поддршка на операциите на Турција во северот на Сирија

Претседателот на Светската унија на Асирците Џони Месо, на покана на постојаното претставништво на Турција во Советот на Европа, одржа говор пред Советот.

Месо во своето обраќање овде, истакна дека операциите на Турција во северниот дел на Сирија придонесуваат за безбедноста на неговата заедница.

Осврнувајќи се на идентитетот и историјата на Арамејците на Блискиот исток, Месо во својот говор информираше во врска со политиката на притисок што ја врши сепаратистичко-терористичката организација ПЈД/ЈПГ/ПКК врз малцинствата во северниот дел на Сирија, вклучувајќи ги и Арамејците, во сфери како што се економијата, социокултурата и безбедноста.

Месо напомена дека елементите на сепаратистичко-терористичката организација ПЈД/ЈПГ/ПКК се обидуваат да ја променат демографската структура во регионот.

Велејќи дека ја бара поддршката на меѓународната заедница за воспоставување на стабилноста и мирот во регионот, претседателот на Светската унија на Асирците Џони Месо рече: „Операциите на Турција во северниот дел на Сирија придонесуваат за безбедноста на нашите заедници.“

На оваа одржана манифестација во Советот на Европа учествуваа и голем број други поканети лица меѓу кои беше и постојаниот претставник на Турција во Советот на Европа амбасадорот Каан Есенер.



Слични вести