Средбите и разговорите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Албанија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата остварена официјална посета на Албанија имаше низа средби и разговори во Тирана

1358431
Средбите и разговорите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Албанија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојуваше во официјална посета на Албанија. 

Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Тирана одделно се состана со албанскиот претседател Илир Мета и претседателот на Парламентот Грамоз Ручи, а имаше и деловен ручек со албанскиот премиер Еди Рама.

Претходно, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во текот на денот се состана и со својот албански колега, овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај.

Од страна на Чавушоглу и Цакај беа потпишани „Договорот за взаемно признавање на возачките дозволи“, „Записникот за соработка во врска со размената на дипломати“ и „Едно заедничко соопштение во врска со консултациите за борба против тероризмот под претседателство на министерствата за надворешни работи“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Тирана учествуваше на церемонијата на свечено отворање на Центарот за Балкански истражувања при Њујоршко-тиранскиот универзитет (UNYT) којшто делува во склопот на Фондацијата „Маариф“ (за образование) на Турција (ТМВ).

Чавушоглу исто така се состана и со турските граѓани и бизнисмени кои живеат и работат во Албанија. 



Слични вести