Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри допатува на разговори во Анкара

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри вчера о вечерните часови допатува во Анкара кадешто ќе оствари критични средби и разговори поготово посветени на случувањата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

1357631
Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри допатува на разговори во Анкара

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри и делегацијата во негова придружба вчера вечер допатува на разговори во Анкара.

Во дадената изјава за претставниците на печатот, Џефри истакна дека денеска војниците на Турција сојузник на неговата земја во НАТО, се соочуваат со голема закана во Идлиб којашто произлегува од Русија и Асадовиот режим. 

Џејмс Џефри го изрази своето сочувство за загинатите турски војници на 3 и 10 февруари во подрачјето на Идлиб и го рече следното: „Сакаме да ја преразгледаме ситуацијата со турската влада и колку што е можно да и дадеме поддршка (на Турција).“

Рич Оутзен, искусниот советник на специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри кој го придружува за време на посетата на Анкара пак, го рече следното: „Ние како САД жестоко ги осудуваме нападите на режимот во Дамаск. Сакаме да бидеме во максимална солидарност. Затоа ќе продолжиме да бидеме во блиска комуникација со нашите турски сојузници.“



Слични вести