„Праведно решение на Кипар може да се постигне со политичката еднаквост на кипарскиот турски народ“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека праведно решение на Кипар ќе се постигне само со воспоставување на политичката еднаквост на кипарскиот турски народ

1358059
„Праведно решение на Кипар може да се постигне со политичката еднаквост на кипарскиот турски народ“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во писмениот одговор што го даде на едно поставено прашање во врска со некои тврдења објавени во кипарско-грчкиот печат, истакна дека вестите коишто се појавуваат во однос на тоа дека Турција прифатила да се укине системот на гаранторство на Кипар, не ја одразуваат вистината.

Аксој напомена дека праведно решение на Кипар ќе се постигне само со воспоставување на политичката еднаквост на кипарскиот турски народ.  

Велејќи дека се знае ставот на Турција по прашањето на системот на гаранторство којшто е воспоставен со договорите од Лондон и Цирих од 1960-та година, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го рече следното: „Турција во секоја прилика нагласува дека трајното и праведно решение на островот, е можно само со воспоставување на политичката еднаквост на кипарскиот турски народ и со надминување на неговите безбедносни грижи.“

 

 



Слични вести