Министерството за национална одбрана: Во подрачјето на Идлиб се неутрализирани 51 припадник на режимските сили

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на Идлиб се неутрализирани 51 припадник на режимските сили, уништени се два тенка, 1 противавионска позиција и едно складиште со муниција, а е запленет и еден тенк

Министерството за национална одбрана: Во подрачјето на Идлиб се неутрализирани 51 припадник на режимските сили

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, се неутрализирани 51 припадник на режимските сили. 

Министерството за национална одбрана објави соопштение во врска со активностите коишто се водат во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија, по завчерашниот напад на режимските сили во кој станаа шехиди (загинаа) 5 турски војници. 

Во соопштението на министерството се вели следното: „Во Идлиб се неутрализирани 51 припадник на режимот, уништени се два тенка, 1 противавионска позиција и едно складиште со муниција, а е запленет и еден тенк.“

Инаку, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) одговори на нападот на режимските сили во понеделникот при што беа неутрализирани над 100 војници припадници на режимот.



Слични вести