Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Тирана

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Тирана учествуваше на свеченото отворање на Центарот за Балкански истражувања при Њујоршко-тиранскиот универзитет којшто делува во склопот на Фондацијата за образование на Турција „Маариф“ (ТМВ)

1357802
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Тирана

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварената посета на Црна Гора, отпатува во посета на Албанија.

Чавушоглу во Тирана учествуваше на свеченото отворање на Центарот за Балкански истражувања при Њујоршко-тиранскиот универзитет (UNYT) којшто делува во склопот на Фондацијата „Маариф“ (за образование) на Турција (ТМВ или TMV).

Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на церемонијата, укажа на тоа дека Центарот за Балкански истражувања претставува еден друг симбол на братските односи помеѓу Турција и Албанија и рече дека овој центар ќе врши детални истражувања и анализи во врска со историјата, книжевноста, културата и политиките на Балканот.

Привлекувајќи внимание на значењето на Балканот за Турција, Мевлут Чавушоглу нагласи дека Албанија и Турција се сојузнички земји во НАТО, а стави акцент и на растечката соработка помеѓу двете земји.

Чавушоглу освен тоа, во својот говор уште еднаш го изрази своето сочувство поради земјотресот што се случи во подрачјето на Драч во Албанија на 26 ноември 2019 година и потсети дека Турција беше од првите земји која и ја подаде својата рака за помош на Албанија, по оваа катастрофа.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Албанија се состана и со турските граѓани и бизнисмени кои живеат и работат во оваа земја.



Слични вести