Мевлут Чавушоглу: Турска делегација ќе отпатува за Русија на разговори за случувањата во Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес конференција со својот албански колега Гент Цакај во Тирана, информира дека делегација од Турција ќе отпатува за Русија на разговори по прашањето со Идлиб

1358147
Мевлут Чавушоглу: Турска делегација ќе отпатува за Русија на разговори за случувањата во Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Тирана во рамките на своите овдешни средби и разговори се состана со албанскиот овластен министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај.

Чавушоглу одржа заедничка прес конференција со својот албански колега Цакај кадешто освен за односите помеѓу Турција и Албанија се осврна и на случувањата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Мевлут Чавушоглу информира дека делегација од Турција ќе отпатува за Русија на разговори по прашањето со Идлиб.

Инаку, по разговорите на руската делегација којашто деновиве оствари разговори во Анкара, овојпат турска делегација ќе замине на разговори во Москва.

Велејќи „Не ја оставивме и нема да ја оставиме на земјата крвта на нашите шехиди“ , министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу рече: „Господинот претседател разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин. Во наредните денови наша делегација ќе замине за Русија.Во соработка со Русија се обидуваме да обезбедиме траен прекин на огнот.“



Слични вести