Џејмс Џефри оствари разговори во МНР во Анкара: САД стојат покрај својот НАТО сојузник Турција

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри и делегацијата во негова придружба нагласи дека САД  стојат покрај својот НАТО сојузник Турција

1358199
Џејмс Џефри оствари разговори во МНР во Анкара: САД стојат покрај својот НАТО сојузник Турција

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри и делегацијата во негова придружба денеска во Анкара се состана со заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Седат Онал.

На средбата, американската делегација предводна од Џефри ја достави пораката со сочувство на американската администрација за загинатите турски војници во нападите на режимските сили во подрачјето на Идлиб и повтори дека САД  стојат покрај својот НАТО сојузник Турција.

Заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Седат Онал исто така ја информира делегацијата на САД во врска со ситуацијата во Идлиб којашто се повеќе се ввлошува на теренот и за последните случувања, а воедно го нагласи и значењето коешто Турција го придава на имплементацијата на постигнатите договори за Идлиб во Астана и Сочи.

На средбата, исто така беа разгледани и другите димензии на сирискиот проблем, како што се човечката состојба на теренот и политичкиот процес. Притоа е подвлечена потребата во овие сфери активна улога да одигрува меѓународната заедница.

Разговорите на специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри и делегацијата во негова придружба кои допатуваа во официјална посета на Анкара, во Министерството за надворешни работи траеја приближно 1,5 часа.



Слични вести