Американскиот државен секретар Мајк Помпео со поддршка до Турција: Стоиме покрај нашиот НАТО сојузник Турција

Помпео го изрази своето сочувство до семејствата на загинатите турски војници во нападот во Идлиб и истакна дека го испратил специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри во Анкара за координирање на чекорите коишто ќе бидат фрлени во Сирија

1357659
Американскиот државен секретар Мајк Помпео со поддршка до Турција: Стоиме покрај нашиот НАТО сојузник Турција

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во врска со случувањата во Сирија го рече следното: „Стоиме покрај нашиот НАТО сојузник Турција.“

Помпео го изрази своето сочувство до семејствата на загинатите турски војници во нападот во подрачјето на Идлиб и истакна дека го испратил специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри во Анкара за координирање на чекорите коишто ќе бидат фрлени во Сирија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Го изразувам моето сочувство до семејствата на војниците кои загинаа во нападот во Идлиб.“

Помпео во својата објава исто така упати повик и за стопирање на нападите на Асадовиот режим и Русија во Идлиб, а воедно ја изнесе и следната констатација: „Го испратив Џејмс Џефри во Анкара, за координирање на чекорите коишто ќе бидат фрлени како одговор на овој дестабилизирачки напад. Ние стоиме покрај нашиот НАТО сојузник Турција.“

Инаку, во реализираниот напад завчера од страна на сирискиот режим врз набљудувачките пунктови на Турција во подрачјето на Идлиб станаа шехиди (загинаа) 5 мина турски војници, по што по ваквите случувања специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри вчера во вечерните часови допатува на разговори во Анкара.



Слични вести