Турција започна нова операција против терористичката ПКК

Во операцијата која започна со цел да се уништат терористите вкупно учествуваат 1440 персонал и 95 оперативни тимови

1357222
Турција започна нова операција против терористичката ПКК
kapan-6 zori operasyonu pkk.jpg
kapan-6 zori operasyonu pkk1.jpg

Министерството за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили започнаа нова операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението на Министерството беше истакнато дека градските команди на жандармеријата на Дијарбакир и Батман ја започнаа операцијата Капан-6 Зори.

Во операцијата која започна со цел да се уништат терористите кои се кријат во подрачјето за засолнување Зори, учествуваат жандармериски командоси, приврзаници на специјалните сили на жандармеријата, полицијата и тимови на безбедносните чувари, вкупно 1440 персонал и 95 оперативни тимови.

Во соопштението беше подвлечено дека со поддршка на граѓаните успешно и решително продолжува операцијата Капан за целосно уништување на тероризмот во земјата.



Слични вести