Претседателот Ердоган рече: „Скапо ќе го платат цехот за нападот врз нашите војници“

Турција возврати на најсилен начин на вчерашниот напад

1357374
Претседателот Ердоган рече: „Скапо ќе го платат цехот за нападот врз нашите војници“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека режимот на Бешар Асад скапо ќе го платат цехот за нападот врз турските војници во набљудувачкиот пункт во Идлиб во Сирија.

Претседателот Ердоган во говорот на доделувањето на Наградите за човечките богатства кои живеат што се одржа во Конгресниот и културен центар Бештепе Милет се осврна на вчерашниот напад на режимот на Асад врз турските војници во Идлиб во кој загинаа 5 турски војници.

„Турција возврати на најсилен начин на вчерашниот напад. Силите на режимот на Асад особено во Идлиб неколкукратно ја најдоа својата беља. Но тоа не е доволно  нема да биде доволно, нашите операции ќе продолжат“.

Во продолжение претседателот Ердоган рече дека на утрешната седница на Партијата за правда и развој (АКП) во Големото национално собрание на Турција ќе ги објави чекорите кои што ќе фрли Турција по нападот на силите на режимот врз турските војници во Идлиб.

„Режимот скапо ќе го плати цехот за нападот врз нашите војници во Идлиб“ порача Ердоган.



Слични вести