Ибрахим Калин се состана со руската делегација предводена од специјалниот претставник за Сирија

Според објавеното соопштение од портпаролството во претседателскиот кабинет, остварената средба во претседателската палата „Куллијето“ во Анкара траеше приближно 2 часа

1356818
Ибрахим Калин се состана со руската делегација предводена од специјалниот претставник за Сирија

Вчера во Анкара се одржа средба помеѓу делегацијата на чело со портпаролот во претседателсккот кабинет Ибрахим Калин и руската делегација предводена од специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија Александар Лаврентиев.

Според објавеното соопштение од портпаролството во претседателскиот кабинет, остварената средба во претседателската палата „Куллијето“ во Анкара траеше приближно 2 часа.

На средбата беша најостро осуден реализираниот напад од страна на режимските сили врз набљудувачкиот пункт на Турција кој што се наоѓа во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во согласност со меѓународните договори.

Притоа е истакнато дека ќе се одговори на нападот во рамките на правото на самоодбрана. 

На средбата воедно е дадена пораката дека Русија како гарантор на режимот треба да ја исполни одговорноста што и се паѓа.

Исто така е потсетено дека конечната цел на Турција е да се сопре крвопролевањето, да се спречат човечките кризи и да се обезбеди да профункционира политичкиот процес.



Слични вести