Чавушоглу: Турција ќе направи се што е потребно за стопирање на нападите на режимот во Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави во Подгорица дека Турција ќе направи се што е потребно за стопирање на нападите на режимот во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

1357550
Чавушоглу: Турција ќе направи се што е потребно за стопирање на нападите на режимот во Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во официјална посета на Црна Гора, на одржаната заедничка прес конференција со својот црногорски колега Срџан Дармановиќ одговараше на прашањата на новинарите.

Чавушоглу истакна дека во вчерашниот реализиран напад од страна на режимските сили станаа шехиди (загинаа) 5 турски војници и информира дека ќе се побара сметката за овој напад.

Тој напомена дека Турција ќе направи се што е потребно за стопирање на нападите на режимот во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

„Независно од тоа од чија страна беше поставени на мета нашите војници, го направивме и ќе продолжиме да го правиме неопходното. Нема да останеме под тоа, меѓутоа она што е значајно во моментов е да бидат сопрени овие напади во Идлиб, да се воспостави траен прекин на огнот и да се донесе политичко решение за Сирија.“ - рече Чавушоглу.

Велејќи дека се доживуваат напади со кои што се уништуваат ѕверски луѓето во нивните домови, во болниците и во училиштата, Мевлут Чавушоглу рече: „Ќе направиме се што е потребно за стопирање на тоа“, а воедно го подвлече и тоа дека Русија и Иран како гарантори на режимот во Сирија треба да ја сопрат агресивноста на режимот.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така напомена дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.



Слични вести