Во нападите на Асад во Идлиб загинаа 5 војници

Веднаш по нападот, нашите сили најостро возвратија врз целите кои беа утврдени

1356623
Во нападите на Асад во Идлиб загинаа 5 војници

Во топовските напади на силите на режимот на Бешар Асад во градот Идлиб на северот на Сирија загинаа 5, а беа повредени 5 војници.

Соопштението во врска со нападот беше објавено од страна на Советодавниот орган за прес и односи со јавноста при Министерството за национална одбрана во кое беше истакнато следното:

„Врз нашите војници кои беа испратени во градот Илдиб на северот на Сирија со цел да ги спречат судирите, да ја обезбедат безбедноста на нашите граници, миграциите и човечката драма, на 10 февруари 2020 од стана на силите на режимот беше извршено интензивно топовско бомбардирање во кое загинаа 5, а 5 војници се повредени.

Веднаш по нападот, нашите сили најостро возвратија врз целите кои беа утврдени.

Утврдените цели беа уништени и беше одмаздена пролената крв на нашите херои. Никогаш нема да остане неодмаздена пролеаната крв на нашите херои. Активно се следат случувањата и се преземаат потребните мерки.“ беше истакнато во соопштението.

И директорот на Дирекцијата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун исто така објави објава преку профилот на твитер во врска со нападите.

Алтун во објавата истакна:

„Најостро беше возвратено на нападот. Веднаш беа уништени непријателските цели. Пролеаната крв на нашите шехиди не остана неодмаздена. Воениот злосторник за кукавичкиот напад кој ја издаде оваа кукавичка наредба го имаше за цел и меѓународната заедница, а не само Турција. Херојските Турски вооружени сили кои секогаш се залагаат за мир во целиот свет ќе продолжат да сеат страв и трепет на сите оние коишто се насочиле кон нашето знаме и непријателите.“



Слични вести