Турција продолжува со испорака на дополнителна воена опрема во подрачјето на Идлиб

Турција продолжува со испорака на дополнителна воена опрема на своите набљудувачи пунктови во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

1356045
Турција продолжува со испорака на дополнителна воена опрема во подрачјето на Идлиб

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) испратија дополнителни  ракетни рампи, тенкови, муниција и оклопни транспортери на персонал со гасеници на набљудувачките пунктови во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Конвојот составен од 60 воени возила шлепери натоварени со тенкови леопард, ракетни рампи, муниција и оклопни транспортери на персонал со гасеници, испратени од различни воени единици низ Турција, најпрвин пристигна во населеното место Рејханли кај градот Хатај во непосредна близина на границата со Сирија.

Овде, тенковите и оклопните транспортери на персонал од страна на воениот персонал беа симнати од шлеперите и под засилени безбедносни мерки беа испратени во пограничните воени единици од кадешто ќе бидат испратени во набљудувачките пунктови во подрачјето на Идлиб.



Слични вести